,Дивље Јагоде” со концерт на 27 септември во Филхармонија
Легендарните ,,Дивље Јагоде” доаѓаат во Скопје! Во совршено акустичниот амбиент на Македонската филхармонија ќе се пеат безвременските хитови што кај секој од нас будат посебни емоции.
Легендарниот хард рок состав е снован во 1978 година, а предводен од легендарниот Зеле Липовача, бендот зад себе има голем број на хитови како: „Jedina Moja“, „Krivo je more“, „Ne zelis kraj“, „Kako si toplа I mila“, „Zauvek tvoj“, „Marija“, „Motori“ итн.
„Датумот е 27 септември, а реприза на втор концерт нема да има! Искористете ја единствената можност да се вратите во времето кога со музика се негуваа вистинските вредности“, велат организаторите.
Влезниците се веќе во продажба преку мрежата на МкТикетс.