Дива депонија во Скопје претворена во прв мега-парк


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска порача дека веќе се гледаат контурите на првиот мега-парк во Скопје, паркот „Даме Груев“ во општината Ѓорче Петров.

-Започнавме со засадување на првите украсни садници, а веќе е завршена изведбата на шеталиштата во првиот дел од паркот и насадени зелените површини. Следува поставување на дополнителните содржини и поставување на осветлувањето. Паркот се простира на над 30.000 метри квадратни, исполнети со содржини кои скопјани ќе ги уживаат секојдневно, порача таа. 

Арсовска нагласи дека за неколку месеци од, како што вели, една од најголемите диви депонии во Скопје успеале да направат зелен рај.