Директорот на ЗОО Скопје место да каже што се случува, демантира вработена


Фото: Б. Грданоски

Неколку дена по поморот на птици во скопската зоолошка градина, откако беше откриен птичји грип кај дива птица која долетала во ЗОО Скопје, в.д. директорот Зоран Попов, не дава одговор за тоа што се случило, туку демантира вработена.

Имено, Попов вели: “во врска со самоволната изјава од вработената Тина Мицковска со која изјавува, цитирам ,,Иако АХВ уредно по закон и по проткол известиле и пратиле допис до ЗОО Скопје уште претходниот ден што ќе се случува, ние најголемиот дел вработени не бевме информирани”. Оваа нејзина изјава е целосно невистинита, а со истата свесно, со намера ја дезинформира јавноста, свесно ги вознемирува граѓаните, создава чувство на страв и паника, но и истата изјава е целосно лажна што претставува кривично дело“.

Тој појаснува дека до ЈУ Зоолошка Градина Скопје не е доставен никаков налог, ниту известување од страна на АХВ на 19 октомври ниту претходниот ден 18 октомври.

„Напротив АХВ без налог, без известување, без присуство на овластено лице, врши наcилен упад во ЈУ Зоолошка градина Скопје и врши масакр на здрави, украсни птици за кои не е утврдено присуство на птичји грип“, додава Попов.

Овој немил настан, во кој беа убиени околу 30 птици, а зоолошката ќе биде затворена за посетители 21 ден, се случи викендов. 

Претставници на АХВ, заедно со полицијата, влегоа во Зоолошката, ја евакуираа од посетители и од вработени, па со скафандери на нив, про што извршија хумано убивање и нештетно отстранување на 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата. ЗОО Скопје ќе биде затворена 21 дена, велат од АХВ.