Директорот на скопската Зоолошка со тешки навреди за дијаспората поради Тамара
Директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, преку статус на својот Фејсбук профил упати жестоки навреди кон македонските иселеници и дијаспората, поради нивното негласање и бојкотирањето на нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска.
Голем дел од дијаспората повикуваше да се бојкотира гласањето на Евровизија поради новото име Северна Македонија, а директорот на Зоолошката градина во Скопје преку Фејсбук им упати жестоки навреди.
„Што да очекуваш од луѓе што продале се и избегале од родна земја? Каква срамота…ццц. Фиром не им сметало ,за северна не гласале за Тамара. А бе одземи им и пасоши и право на глас. Гнаси. Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди. Никад да не се вратите“, напиша Галетановски на својот Фејсбук.
Тамара Тодевска со својата песна „Proud“ го освои историското осмо место на Евровизија, најдобриот пласман кој го имала нашата земја досега.