Директорот на Паркинзи на Општина Центар, Влатко Кичевски, позитивен на КОВИД-19
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2020/10/vasko-kicevski-poc.jpg)
Васко Кичевски, директор на Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар е позитивен на КОВИД-19. Како што соопшти на неговиот Фејсбук профил, и покрај почитување на мерките за заштита од вирусот, утрово добил позитивен резултат на направениот тест.
„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, утрово добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во опасност. Чувајте се“, напиша Кичевски на Фејсбук.