Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје позитивен на коронавирус


Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Душко Весковски, објави дека е позитивен на коронавирус.

„Само што го добив позитивниот тест на Ковид-19. Се чувствувам добро и во моментот имам лесни симптоми. Момент на едно невнимание може да биде поразителен за сите нас! Им благодарам на здравствените работници за натчовечките напори што ги прават за ние да се чувствуваме сигурни! Останете во добро здравје, чувајте се и носете маска!“, напиша Весковски на „Фејсбук“.