Директорот на ДЗЛП си поднесе оставка


Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, си поднесе оставка од функцијата.

Во барањето, Трајковски вели дека оставката е од лични причини.

„Во изминатиот период раководејќи со Дирекцијата за заштита на лични податоци, силно помогнат од вработените, Собранието и соодветните владини институции успеавме да покажеме и докажеме дека слабостите се препознаени и истите согласно најдобрите европски практики во областа на заштитата на личните податоци знаеме и можеме да го поставиме согласно европските вредности“, стои во понудената оставка на Трајковски.

Трајковски ја раководи Дирекцијата за заштита на личните податоци од 2016 година.