Директорот на АД ЕСМ го пречека германскиот претседател Штајнмаер во Ветерниот парк Богданци


Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, го пречека претседателот на СР Германија, Франк Валтер Штајнмаер, во Ветерниот парк Богданци, електрана од обновливи извори изградена со финансиска поддршка преку поволна кредитна линија на германската државна КфВ банка.

Претседателот Штајнмајер при посетата ги разгледа ветерниците и се запозна со активностите од втората фаза на ветерниот парк за поставување на дополнителен број ветерници и зголемување на инсталираната моќност на капацитетот, која е во тек. И втората фаза од проектот е овозможена со финансиска поддршка преку КфВ банката.

Ковачевски и директорот за развој и инвестиции Благој Гајдарџиски го информираа германскиот претседател и за другите проекти на АД ЕСМ во чие финансирање има удел германската банка за развој и инвестиции.

Ковачевски при средбата му подари на претседателот Штајнмаер филигран од стариот Камен Мост во Скопје.