Директорката на американската тајна служба поднесе оставка


 

Вашингтон – Директорката на американската тајна служба Кимберли Читл поднесе оставка поради неуспехот да го спречи убиството на поранешниот претседател и кандидат Доналд Трамп.

Кимберли Читл со денови се соочуваше со остри критики од јавноста, кои ја сметаат Тајната служба одговорна за бројни пропусти во разузнавањето што доведоа до обид за атентат на Доналд Трамп за време на предизборниот митинг на 13 јули во Пенсилванија.

– Обидот да се убие поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 јули е најзначајниот оперативен неуспех на Тајната служба во последните неколку децении – призна Кимберли Читл за време на сослушувањето пред Надзорната комисија на Претставничкиот дом.

Доналд Трамп бил полесно повреден кога куршум му го повреди увото, додека еден од неговите поддржувачи бил убиен, а двајца други биле ранети.

Напаѓачот, 21-годишниот Томас Метју Крукс, отворил оган кон толпата со автоматска пушка, а членовите на Тајната служба брзо го елиминирале. Мотивите за атентатот остануваат непознати, а во САД е покрената истрага, која ги вклучува и пропустите во разузнавачките служби.