Директниот пренос од „Оскарите“ на МТВ ќе почне по полноќ

Македонската Телевизија ексклузивно ќе го прикажува 97-то доделување на Оскарите, најпрестижните филмски награди во светот, во ноќта недела на понеделник.
Преносот ќе започне триесет минути по полноќ со Црвената патека пред театарот Долби во Холивуд и пристигнувањето на најголемите имиња од филмската индустрија, кратки интервјуа со номинираните и со поранешни добитници на Оскар.
Во еден часот по полноќ започнува 97-та Оскаровска церемонија која ќе ја води Конан О’Брајан, а многу холивудски имиња ќе бидат дел од шоуто, како Роберт Дауни џуниор, Килијан Марфи, Опра Винфри, Хале Бери, Скарлет Јохансон, Голди Хон, Селена Гомез и многу други.
Скратената двочасовна снимка „97-ми Оскари: Победници“ ќе се емитува во понеделник од 21.15.