Дирекцијата за ТИРЗ на 15. место од вкупно 50 институции со 61,1 отсто исполнетост на системот за интегритет

Дирекцијата за ТИРЗ според Извештајот за имплементација на интегритет изработен од Државната комисија за спречување корупција, се најде на 15. место на ранг листата од вкупно 50 институции, со 61,1 отсто на исполнетост на системот за интегритет.
Мониторингот опфати 72 институции од централната власт, 72 единици на локалната самоуправа и 16 институции од правосудниот сектор. Постигнатиот резултат претставува значителен раст за ниво погоре, од „просечно“ ниво – на „добро“ ниво, во однос на 2023 година, кога процентот на исполнетост изнесуваше 39,2 процента.
-Сето ова се должи на бројни активности кои беа преземени, како донесување на: Упатство за спречување судир на интереси, Упатство за постапување со подароци и гостопримства, Етички кодекс, Правилник за изменување и дополнување на правилникот за користење и управување со службени возила, како и Упатство за изменување и дополнување на упатството за реализирање на службени патувања. Исто така, беа спроведени и обуки за спречување на корупција и системот за интегритет.
Според Дикрекцијата, интегритетот е клучен фактор во градењето силни институции и стекнувањето доверба кај граѓаните.
-Системот за интегритет како стратешки механизам за превенција од корупција и унапредување на транспарентноста, обезбедува усогласено спроведување на законите, етичките кодекси и политиките, создавајќи јасна рамка и функционални механизми за нивна примена и заштита. Како институција, Дирекцијата продолжува и понатаму да работи кон подобрување и сеопфатна имплементација на системот за интегритет. Овој резултат е потврда за заложбите кон законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работата, чувајќи го угледот и елиминирајќи ги ризиците и сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција, наведува Дирекцијата.