Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани за Нова година
Регионалната поп-ѕвезда, Босанецот Дино Мерлин со неговата група ќе ги забавува скопјани на новогодишната ноќ. Ова денеска го обзнанија скопскиот градоначалник, Петре Шилегов и лично Дино Мерлин.
Шилегов најави дека и оваа година на плоштад „Македонија“ ќе биде поставена новогодишната населба Винтерленд која ќе го збогати празничниот амбиент во градот во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници. Шилегов истакна дека во Винтерленд ќе се одржува весела програма која ќе биде едно ниво повисока од ланската.
Скопскиот градоначалник најави дека градот порано ќе светне со новогодишни светилки и украси, поточно оваа година метрополата ќе биде облечена во новогодишно руво веќе од 1 декември.
– Сакаме на скопјани порано да им овозможиме да ја почуствуваат новогодишната бајка и да уживаат во празничната програма – рече Шилегов.