Димитров место Заев на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград


Фото: Б. Грданоски
Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок утре и задутре во Белград, на којшто во име на Владата на Република Северна Македонија ќе учествува вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, по што ќе биде одржана и пресконференција.
 
Воедно, предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на кои што ќе биде разговарано за олеснување на трговијата.
 
Медиумите кои имаат интерес да ја проследат прес-конференцијата може да го следат преносот во живо на следниов линк: www.tanjug.rs .