Димитар Љоровски нов член на историската комисија за Бугарија


Во пресрет на утрешната средба, Министерството за надворешни работи го достави предлогот на Комисијата до Владата , која го назначи Димитар Љоровски за член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Љоровски е именуван за нов член на Комисија согласно неговата експертиза и препораките на Комисијата за соодветни покривање области од нивната работа.

Димитар Љоровски е историчар и професор во Институтот за национална историја — Скопје.