ДИК ги објавува резултатите – Јовановски води во Кичево, Димитриевски тесно во Куманово
ВМРО-ДПМНЕ е на праг на голема изборна победа и можеби околу 50-ина градоначалници
Државната изборна комисија почна да објавува резултати од локалните избори кои се одржаа денеска.
Во моментот, во повеќето општини низ Македонија водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатите ДИК ги црпи од локалните одбори, па за дел од општините обработени се и до 99 отсто од гласовите, а за некои едвај 15 отсто.
Интересна е битката во Кочани каде води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов со 4.167 глас, но зад него е актуелниот в.д. градоначалник независниот Венко Крстевски со 2.495.
Во Кичево води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски со 8.784 гласови, наспроти кандидат на НАИ, Фатмир Дехари, кој има 3.667, но веднаш зад него е кандидатот на ВЛЕН Фатмир Лимани со 2.833.
Во Куманово пак, во моментот води актуелниот градоначалчник Максим Димитриевски, со 6.832 гласови пред Селвер Ајдини од НАИ со 4.143.
Сепак треба да се спомене дека овие резултати се од непотполно пребројани гласови.
Во живо може да го следите развојот на настаните на следниот ЛИНК.