Диало и Де Лихт се вратија на тренинзи во Манчестер Јунајтед


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Амад Диало и Матијс де Лихт, почнаа со тренинзи со својот тим пред првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа против Атлетик Билбао.

Поради повреда на глуждот, Диало ги пропушти натпреварите против Олимпик Лион и Реал Сосиедад, додека Де Лихт е отсутен од теренот од 1 април.

„Беше одлично да се види Амадо заедно со групата, додека Матијс де Лихт беше, исто така, присутен. Останува да се види дали двајцата ќе патуваат во Шпанија за претстојниот натпревар. Ќе го објавиме тимот што ќе патува вечерва“, соопшти Манчестер Јунајтед.

Англискиот премиерлигаш му гостува на Атлетико во Билбао утревечер од 21:00 часот, во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа.

Диало постигна девет голови на 36 натпревари за Манчестер Јунајтед оваа сезона, додека Де Лихт одигра 40 натпревари за англискиот клуб откако им се приклучи минатото лето.