Девет мртви во сообраќајка во Лас Вегас


Девет лица загинаа, а едно лице е тешко повредено и е во критична состојба во несреќа во која учествувале шест возила во Северен Лас Вегас, Невада. Меѓу загинатите е и возачот на автомобилот што ја предизвикал несреќата.

Според полицијата на Невада, несреќата ја предизвикал возач кој возел брзо и поминал на црвено светло.

„Тој поминал на црвено светло пред судирот што се случи во саботата попладне и во кој учествуваа 15 лица“, изјави за новинарите портпаролот на полицијата во Северен Лас Вегас, Александар Куевас.
 

„Досега не сме виделе сообраќајна несреќа со толку жртви“, рече Куевас.

Посочи дека несовесниот возач со своето возило удрил во неколку возила.

Куевас изјави дека две лица се префрлени во болница, а едното од нив им подлегнало на повредите, а другото е во критична состојба.