Девет лица се повредени во пожарот што изби на аеродромот ЏФК во Њујорк


Вашингтон – Неколку луѓе се хоспитализирани откако вчера изби пожар на подвижните скали на меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди (ЏФК) во Њујорк, соопштија американските власти.

„Еј-би-си њуз“ (ABC News) јави дека при мал пожар на ескалаторите на терминалот осум на аеродромот девет лица се здобиле со полесни повреди поради вдишување чад, од кои четворица се хоспитализирани.