Десетици возила заглавени во снегот во Маврово и на Попова Шапка


 

Од Центарот за управување со кризи информираат дека пријави од заглавени возила во Маврово и на Попова Шапка.

Меѓу хотелот „Радика“ и Бунец се заглавени дваесетина возила од рано утрото. Во моментов се чека поголема машина-фреза од „Македонија пат“ за расчистување на снегот.

Блокирани возила има и пред влезот на Попова Шапка на раскрсницата до викендичките.

Според ЦУК, блокираните возила на Попова Шапка не се како резултат на неисчистени коловози, туку се работи за несовесни граѓани кои со летни гуми се упатиле на Попова Шапка. Патот е прооден, моментално две возила го чистат. Возилата со зимски гуми без никакви проблеми се движат по патот.