Десетици илјади луѓе евакуирани во Индија поради циклон
Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови во низинските области на јужна Индија и заминаа во засолништа за евакуација за да го избегнат циклонот Нивар кој се движи кон крајбрежјето и се очекува да донесе обилни дождови.
Циклонот прво ќе го погоди крајбрежјето во близина на Мамалапурама и Караикал во државата Тамил Наду, соопшти Метеоролошката служба на тој индиски регион.
Се претпоставува дека невремето и брзината на ветерот до 120 километри на час и со налети на ветер до 145 километри на час, може да ги оштетат посевите, дрвјата, куќите и електричните столбови.
Владата очекува голема штета и сите летови и возови се откажани како мерка за претпазливост.