Десет пожарникари загинаа во шумски пожар во централна Турција кога ветрот го сменил правецот


Десет пожарникари загинаа, а 14 се повредени додека се бореа со шумски пожар во централна Турција

„Додека реагиравме на шумски пожар што избувна во Ескишехир и стигна до границата на Афионкарахисар, 24 пожарникари беа заробени во пожарот кога ветерот одеднаш се промени и ги пренасочи пламените јазици кон нив“, изјави Џумакли за новинарите.

 

Пожарникарите на Кипар, исто така вчера се бореа со огромен шумски пожар , што предизвика евакуација на најмалку четири села.

Властите соопштија дека пожарот беснеел северно од Лимасол, разгорен од силни ветрови и високи температури.портпаролот на пожарникарите изјави дека пожарот предизвикал „значителна штета“ на домовите во областа, позната по своите лозја.