Десет екипи обезбедија пласман на Светското првенство. Две се дебитанти

На Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе учествуваат 48 екипи, а десет учесници веќе обезбедија пласман. Покрај домаќините, САД, Канада и Мексико, своите места на Светското првенство ги обезбедија и бранителот на титулата Аргентина, Јапонија, Јужна Кореја, Иран, Нов Зеланд, Узбекистан и Јордан.
Од нив, Узбекистан и Јордан се дебитанти. Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година.
Аргентина
Број на настапи на Светските првенства – 18
Најдобар пласман – Светски шампион (1978, 1986, 2022)
САД
Број на настапи на Светските првенства – 11
Најдобар пласман – 3-то место (1930)
Мексико
Број на настапи на Светските првенства – 17
Најдобар пласман – Четвртфинале (1970, 1986)
Канада
Број на настапи на Светските првенства – 2
Најдобар пласман – Групна фаза (1986, 2022)
Јапонија
Број на настапи на Светските првенства – 7
Најдобар пласман – Осминафинале (2002, 2010, 2018, 2022)
Нов Зеланд
Број на настапи на Светските првенства – 2
Најдобар пласман – Групна фаза (1982, 2010)
Иран
Број на настапи на Светските првенства – 6
Најдобар пласман – Групна фаза (1978, 1998, 2006, 2014, 2018, 2022)
Узбекистан
Број на настапи на Светското првенство – 0
Јужна Кореја
Број на настапи на Светското првенство – 11
Најдобар пласман – 4-то место (2002)
Јордан
Број на настапи на Светското првенство – 0