Денвер по десет години го избрка Мелоун, се јавија Меџик Џонсон и Шекил О′Нил

Екипата на Денвер Нагетс во следниот дел од сезоната во НБА-лигата ќе има нов тренер, затоа што го отпушти главниот предводник Мајкл Мелоун.
Нагетси имаат скор 47-32 оваа сезона и се наоѓаат на четвртото место во пласманот на Западната конференција со само три натпревари до крајот на сезоната.
Мелоун беше ангажиран во 2015 година и го освои НБА шампионатот со Денвер во 2023 година. Во вкупно десет сезони со Нагетс, Мелоун има скор 471-327.
Веднаш по Мелоун, објавено е дека е избркан и генералниот менаџер Калвин Бут.
Овој потег како и некои претходни на клубовите на Западот го шокираа легендарниот Ирвинг Меџик Џонсон кој се огласи на социјалните мрежи.
-Јас сум дел од НБА семејството 45 години и ваква сезона никогаш не сум видел. Прво, две супер ѕвезди се разменети на средина на сезоната Лука Дончиќ и Ентони Дејвис, сега пак двајца тренери Мајкл Мелоун од Денвер Нагетс и Тејлор Џенкинс од Мемфис Гризлис се отпуштени на крајот на регуларниот дел, а нивните тимови имаат обезбедено место во плејофот, -напиша иконата на Лос Анџелес Лејкерс.
Легендарниот Шекил О’Нил, беше многу остар кон Денвер: “Искрено, би сакал ова да беше направено малку професионално”, рече во живо во програмата кога стигнаа вестите.
„Мајк Мелоун е најуспешниот во историјата на Денвер, освои титула, а можеше и уште една сезонава. Потенцијално можеше. Мора да имате предност на домашен терен и сега ја имате во овој момент. Затоа, порака за сите вас идиоти таму што мислите дека сè мора да оди мазно за да освоите титула – тоа не е точно”, нагласи Шекил.
„Не ни е задоволство да објавиме дека го отпуштивме Мајкл Мелоун од тренерската позиција. Дејвид Аделман ќе ја преземе тренерската функција до крајот на сезоната 2024/25. Оваа одлука не беше несериозно донесена и беше разгледана многу внимателно пред да се донесе со цел да се даде најдобра можна шанса на тимот да се бори за прстен до крајот на сезоната и да им донесе уште една титула на навивачите на Денвер. Иако тајмингот на одлуката не беше најсреќен, тренерот Мелоун помогна да се изгради основата на нашата програма и тоа беше неопходен чекор што ни овозможи да се натпреваруваме на највисоко ниво денес. Стандардите и очекувањата во првенството остануваат непроменети за тековната сезона, а додека гледаме кон иднината, се стремиме да ги надградиме темелите што ги постави тренерот Мелоун за време на неговиот рекорден десетгодишен мандат во Денвер“, изјави сопственикот на франшизата, Џош Кронки.