Денвер го победи Мајами и го презеде водството во финалето на НБА


Денвер нагетс го победи Мајами хит ноќеска на гостински терен во третиот натпревар од финалето на НБА со 109:94. Резултатот во серијата прв до четири сега е 2:1 за Денвер.

Играчите на Нагетс, Џамал ​​Мареј и Никола Јокиќ постигнаа трипл-дабл.

Џими Батлер со 28 поени и Адебајо со 22 поена и 17 скока беа најдобрите кошаркари во поразениот тим.

Четвртиот натпревар во серијата ќе се одигра на 10 јуни повторно на теренот на Мајами.