„Денови на филигранство и накит“ во Скопје Сити мол

Од 4 до 7 мај, во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со Занаетчиска комора Скопје ќе бидат отворени „Денови на филигранство и накит“, настан на кој ќе се претстават 23 „артизанс“ индивидуалци – уметници.
Ова е единствена можност на едно место да се видат рачно изработени уметнички форми на накит од сребро, бакар, челик, преку епоксидна смола, чисто сребро 925, полимерна глина, до керамика, плексиглас и мурано стакло.
Најголем дел од креативците изработуваат филигран, како најделикатна и елегатна форма на накит, а ќе се претстават и учесници кои создаваат шарени и весели приказни во форма на накит за стилски сонувачи и храбри луѓе.
Во секој детаљ на уникатните парчиња накит е втиснат креативниот и авторски труд на 23 уметници.