Денеска завршува вториот повик на Град Скопје за избор на превозници за јавниот превоз

Денеска завршува вториот јавен повик на Град Скопје за автобуските линии 9, 11 и 12. На првиот повик за линиите 20 и 22 не се пријави ниту еден приватен превозник.
Иако, градоначалничката Данела Арсовска кажа дека јавниот сообраќај може и без приватните превозници, сепак на огласите се бараа дополнителни 48 автобуси и 103 возачи за огласите.
Во меѓувреме Слобода превоз и „Макекспрес“ ја очекуваат долгонајавуваната средба со премиерот Димитар Ковачевски.
Тој вчера изјави дека прво дака да ги погледне извештаитње од инспекцијата и УЈП за да има со што да седне на маса со приватните превозници..
Приватните превозници тврдат дека ЈСП има долг кон нив и исто така договорот им е прекинат незаконски и затоа ја бараат правдата.
УЈП треба да изготви извештај за работењето на јавниот превоз.
Граѓаните се револтирани поради доцнењето на превозот, а Град Скопје уверува дека ЈСП ги надополнува линиите што ги покриваа приватните превозници.