Денеска средба меѓу Гаши, Касами и Меџити

Денеска ќе има средба меѓу лидерите на Алтернатива и Беса, Африм Гаши и Биљал Касами со идниот лидер на новото политичко движење Изет Меџити, дознава ТВ21 од свои извори.
Тема на оваа средба се очекува да биде соработка.Според информациите, по средбата се очекува и соопштение за јавноста.
Предводникот на „огнените“, Изет Меџити, во интервју за „Макфакс“ вели дека не можел да предвиди дека ДУИ може толку да забега.Свесен или не, како што вели, Ахмети ја плаќа цената од Груби и, според Меџити, неочекувано и разочарувачки е човек со долгогодишно искуство како Ахмети да заврши по паметот на Груби.
„Ахмети повеќе не е оној стариот. Не ја менаџира ситуацијата. Ниту по изразот ниту по вокабуларот не е ист. Тоа покажува нервоза, дека е исплашен и дека веќе не е комотен“, оценува Меџити.
На прашањето дали има шанса Артан Груби да седне на лидерската позиција наместо Ахмети во ДУИ, Меџити вели дека „и досега Груби де факто е лидер во ДУИ“.
„Ахмети му има препуштено сѐ. И власт и кадровска политика, само формално лидер е Ахмети. Песните ги пушта Артан наместо Ахмети.
Коруптивните скандали во ДУИ, според Меџити, покажуваат која е цврстата врска меѓу Ахмети и Груби и зошто Ахмети, како што вели, „по секоја цена, дури и по цена да се растури ДУИ, го држи Груби“.
Потенцира дека целта со новото политичко движење, кое, според плановите, треба да го одржи својот прв конгрес во септемрви, е зајакнување на опозицискиот фронт и созадавање конкуренција.
„Тоа ќе донесе конкуренција, а не како досега кога позицијата без опозиција оди на спиење и забегува на други работи“, вели Меџити.