Денеска на мета основните училишта во Гази Баба


Осум училишта во Општина Гази Баба, евакуирани се утринава по примена дојава за поставени бомби, се дознава од објавата на официјална страна на Фејсбук градоначалникот Бобан Стефковски.
 
– Утрово директорите на основните училишта ме информираа дека во училиштата „Григор Прличев“, „Наум Наумовски Борче“, „Крсте Мисирков“, „Кирил и Методиј“, „Крум Тошев“, „25 Мај“, „Дане Крапчев“ и „Наум Охридски“ има пристигнато дојави за поставени бомби – пишува Стефковски.
 
Тој апелир на смиреност и почитување на пропишаните правила и протоколи за постапување во вакви случаеви.
 
– До сега сите дечиња се на безбедно, евакуирани од просториите на училиштата и се во придружба на наставниот кадар. Веднаш по информациите разговарав со надлежните во полициската станица од општа надлежност Гази Баба со цел веднаш да се преземат сите неопходни мерки за проверка на пристигнатите информации – уврува Стефковски.
 
Тој е на терен заедно со вработени од општинската администрација со цел увид на спроведувањето на протоколите за евакуација.
 
– Се ставаме целосно на располагање за безбедно згрижување на сите дечиња – напиша Стефковски.