Денес илјада граѓани трчаа низ скопските улици


Денес се одржа традиционалната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ, на која учество земаа околу 1.000 тркачи. Оваа трка, како единствена градска брза трка, е мотивација на сите учесници, кои го даваат максимумот од себе, да продолжат со тренирање, вежбање и одржување на здрави навики. 

  Победник во машката категорија на овогодинешната десеткилометарска трка е Дарио Ивановски, со истрчано време од 29:58, на второто место се најде Леонид Вандевски, со време од 32:55, а третото место му припадна на Атанас Анчевски, со време на трчање од 33:19. Од женските прва беше Адријана Поп Арсова, со 35:07 минути, второто место го зеде Биљана Кираџиева со 38:40 минути и на третото место заврши Милјана Ристиќ со 39:58 минути.

  Трката беше организирана според безбедносни протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите.