Демонстрантите во Хонг Конг упаднаа во кинеската новинска агенција Синхуа


Антивладини демонстранти во Хонг Конг денеска ги нападнаа канцелариите на  официјалната кинеска новинска агенција Синхуа, при што полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите.

Цел на демонстрантите за првпат во месеци протести беше зградата на кинеската новинска агенција Синхуа во Хонг Конг, каде демонстрантите кршеа врати и прозорци.

Тие запалија оган и на ѕидот напишаа графит „Депортирајте ги кинеските комунисти“.

Локалните медиуми објавија снимки од пожар во редакцијата на Синхуа во Хонг Конг, графити на sидовите и искршени прозорци. Не е познато дали имало луѓе во зградата.

Цел на демонстрантоте беа и кинески банки и бизнис објекти.

Судири меѓу демонстрантите и полицијата имаше на повеќе локации во Хонг Конг.