Демократи пратеници бараат укинување на визата за престој во САД на Болсонаро


Жаир Болсонаро бара уште еден мандат

Група од 41 претставник на Демократската партија во Конгресот побара од американскиот претседател Џо Бајден да ја укине визата на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро, кој се наоѓа на Флорида

„Не смееме да дозволиме Болсонаро или кој било друг поранешен бразилски функционер да најде засолниште во САД за да ја избегне правдата за секое можно злосторство извршено додека беше на функцијата“, се вели во отвореното писмо упатено до американскиот претседател.

Тие, исто така, ја повикуваат американската Влада „целосно да соработува со истрагата на бразилската, доколку тоа се бара од САД“ и да го потврди правниот статус на Болсонаро, кој пристигна на американска територија како претседател.

Пратениците го повикаа Министерството за правда да ја разгледа можноста за „поддршка или финансирање“ од САД на истрагата за настаните на 8 јануари во Бразилија, кога приврзаниците на екстремната десница упаднаа во државни институции.