Дембеле ќе биде домаќин на главната ждрепка на Ролан Гарос


Париз – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Усман Дембеле ќе учествува во жрепката за главниот турнир на Грен слемот Ролан Гарос, пренесува „RMC Sport“.

Фудбалерот во церемонијата ќе учествува заедно со претседателот на Француската тениска федерација Жил Моретон и директорката на турнирот Амели Морезмо. 

Извлекувањето ќе се одржи утре со почеток во 14 часот.

„Ролан Гарос“ ќе се одржи од 25 мај до 8 јуни. 

Минатата година Шпанецот Карлос Алкараз победи на турнирот во сингл за мажи, а Ига Швјонтек (Полска) го освои трофејот во женска конкуренција.