Делови од Скопје пет часа нема да имаат струја

Поради закажани технички зафати во мрежата, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар и Бутел.
Како што информираат од РЦУК Скопје, утре без струја од 8 до 13 часот ќе бидат дел од улицата „Партениј Зографски“ од бр. 65 до бр. 77 (до крајот на уличката) и дел од ул. „Тодор Александров“ во општина Центар.
Без струја утре од 8.30 до 14 часот ќе останат и дел од ул. „Скоевска“ во Радишани од бр. 18 А до бр. 30 А во општина Бутел.