Делови од Кисела Вода, Сарај и Центар утре без струја
Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците во општините Кисела Вода, Сарај и Центар.
Како што соопшти РЦУК, по претходно известување од ЕВН Македонија АД, утре без струја ќе бидат корисниците во населба Драчево: улицата „Иван Хаџи Николов“ непарните бр. 109, 101, 103, се до бројот 141, во Кисела Вода од 08:30 до 14 часот.
Во периодот од 8:30 до 12 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од село Глумово, Сарај, а од 8:30 до 15 часот, корисниците од улица „Петричка“ во Центар.