Делови од Ѓорче Петров и Карпош утре без струја


Фото: Б. Грданоски

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Ѓорче Петров и Карпош.

Од 09:00 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улица „Браќа Галеви“ во Oпштина Ѓорче Петров, а од 9 до 14 часот корисниците од дел од улица „Франц Месеснел“ во Oпштина Карпош, информираат од ЕВН.