Дело од украинскиот скулптор Дроздовски во паркот во Чаир

Во паркот „Украина“ во Општина Чаир денеска ќе биде поставена скулптурата „Горчливо сеќавање од детството“, дело на украинскиот скулптор Петро Дроздовски, која е посветена на сеќавањето на децата убиени од глад за време на геноцидот врз украинскиот народ во 1932–1933 година.
На церемонијата на поставување на скулптурата ќе присуствуваат украинската амбасадорка Лариса Дир и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.