Делегација на Националната гарда на Вермонт во посета на Скопје

За време на посетата, полковник Најт ќе оствари средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со својот домаќин, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Покрај унапредувањето на понатамошната соработка, целта на посетата на новопоставениот командант на НГ на Вермонт, соопштија од МО, е запознавање со процесот на трансформација и капацитетите на Армијата.
Како што е најавено, полковник Најт ќе оствари средба и со претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски.