Делегација на ЕУ бара еднаков и фер пристап на партиите до медиумите

Делегација на ЕУ бара еднаков и фер пристап на партиите до медиумите, а во врска со одлуката на АВМУ со која на партијата Левица и се ускратени пари за политичко рекламирање, па и повеќе од тоа – нема пристап до националните телевизии освен на Собранискиот канал.
Околу дилемата дали ваквата одлука, која се правда со некаква постојна законсдка рамка, може да му наштети на демократски имиџ на Македонија во ЕУ и на евроинтеграцијата,. од ЕУ делегацијата одговорија:
„Надлежните национални власти на Северна Македонија се тие што треба да одлучат и да решат по жалбата во врска со платено политичко рекламирање. Треба да се потсетите дека ЕУ постојано ги повикува властите на Северна Македонија да ги спроведат преостанатите препораки на ОДИХР за ревидирање на Изборниот законик, вклучително и во областа на пристапот до медиумите и финансирањето на кампањите. Обезбедувањето еднаков и фер пристап до медиумите, како и транспарентноста, се од суштинско значење за демократијата и за патот на земјата кон ЕУ“, велат од ЕУ Делегацијата.
за ставот на ЕУ околи новопредложената Резолуција за црвените линии на Македонија во спорот со Бугарија, што ја нуди опозициската СДСМ, во ЕУ Делегацијата сметаат дека е клучно сите политички партии да работат заеднички на консензус кој ќе и обезбеди напредок на државата на патот до ЕУ.
„Политичките сили на Северна Македонија треба да работат заедно на консолидиран консензус кој ќе биде насочен кон напредок околу европската иднина на земјата, да обезбедат напредок во бараните реформи и да обезбедат опипливи придобивки за нејзините граѓани“, порачаа од ЕУ делегацијата. (С.Ј.)