Дел од Тафталиџе утре без вода


Фото: Б. Грданоски

Дел од скопската населба Тафталиџе утре ќе биде без вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.

-Ве известуваме дека на ден 12.09.2024г. поради дефект во шахта Ф-2цола на ул.Васил Чакаларов 4 во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот, стои во соопштението.