Дел од Пржино без вода
Поради уличен дефект од Ф-100 мм во населба Пржино, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Жванска“, „Наум Охридски“ и „Востаничка“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10.30 часот до санирање на дефектот.