Дел од парите од казината и обложувалниците ќе одат за македонскиот филм, вели Љутков


Фото: Б. Грданоски

„Македонскиот филм долги години беше во криза, но успеавме да излеземе од таа криза. Со ребаланс на Буџетот за оваа година обезбедивме дополнителни 145 милиони денари, што ќе биде многу повеќе од двојно, од она што го имаше филмот во првата половина од годината“.

Ова го соопшти денеска на прес-конференција во Скопје по повод светската премиера на филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска  на 28 август на 81. Венециски филмски фестивал.

Тој посочи дека со законска измена од следната 2026 година, 3% од државните приходи од игрите на среќа ќе одат директно во македонскиот филм.

– Што значи дека за трипати ќе се зголеми буџетот за филм од 2026 година. Мислам дека тоа ќе ни даде поголема комоција и во делот на креативноста. Тие средства нема да одат само за македонскиот филм, туку од следната година веќе отвораме и конкурс за серии, што значи дека Агенцијата за филм ќе поддржува и серии. Тоа е договорот што го потпишавме претходната година со „Еуроимаж“, допололнителни средства, некаде околу 450.000 евра котизација и учество за снимање на македонски серии, рече Љутков.

Тоа, како што рече, е новост и импакт за македонскиот филм и за македонските серии.