Дел од општина Центар утре без вода


Фото: Б. Грданоски

 Без вода утре од 8:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците  „Петар поп Арсов“, „Теодосие Гологанов“, „Костурски Херои“, „Борка Талевски“, „Христо Смилевски“, „9 Мај“ и „Васил Стефановски“ во општина Центар.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од ф 80мм на улица „Петар Поп Арсов“ број 53.

Водоснабдување ќе биде прекинато до завршување со работните активности.