Дел од корисниците во Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров денеска без струја


Фото: Б. Грданоски

Корисниците во неколку скопски општини денеска во одредени периоди од денот ќе останат без струја, соопшти РЦУК – Скопје.

Според информациите од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20 во општина Центар.

Во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Стајковци, во  општина Гази Баба.

Како што информира ЕВН Македонија во периодот од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од ул. Рокомија, во  општина Бутел, а во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ во општина Ѓорче Петров.