Декласифицирајте – му порачува СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ

И денеска од утринава почнува вербалната борба околу наводниот скандал со прислучувањето и следењето што го правела АНБ во времето кога Христијан Мицкоски беше лидер на опозицијата.
Во соопштение СДСМ пак порача да бидат декласифицирани документите од АНБ
„Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која самите се ставија, откако се заиграа со наводни шпионски афери за да дефокусираат од сопствената неспособност. Наводната афера која очигледно со месеци ја спремале за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, им пукна како бомба во раката.
Им порачуваме јасно и гласно: Декласифицирајте! Не чекајте ни истрага, ни ништо. Нека видат граѓаните дали бил вистински следен премиерот, кој бил следен, со кого комуницирал тој. Бидете еднаш во вашето 30-годишно постоење храбри и чесни, барем тоа му го должите на овој народ. Па сите кои злоупотребиле – нека одговараат.
Ова е чесна понуда од СДСМ и ние немаме од што да се плашиме. Прашањето е, дали имате вие?“, се вели во соопштението.