„Дејли експрес“ : Принцот Хари и Меган размислуваат за второ дете
САД– Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, размислуваат за второ дете. Тоа го тврди извор близок до британското кралско семејство, објави „Дејли експрес“.
„Тие сигурно сакаат уште едно дете. Меган рече дека ќе има две деца”, сведочи неименуваниот пријател.
И пријателот на покојната принцеза Дајана, Пол Барл го потврди тоа во една прилика.
На 6 мај 2019 година, на принцот Хари и Меган Маркл им се роди синот Арчи Харисон Маунтбатон-Виндзор. Тој тогаш го зазеде седмото место за наследување на британскиот престол по неговиот дедо – принц Чарлс, принцот Вилијм и неговите деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луј, и – по принцот Хари, татко на Арчи.
На 1 април, принц Хари и Меган Маркл се откажаа од своите должности како членови на британското кралско семејство и се преселија, прво во Канада, па во Лос Анџелес, САД. Наредните 12 месеца тие сѐ уште можат да сметаат на финансиската помош на принцот Чарлс.