Дејан Георгиевски избори четвртфинале во Таранто
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски успешно ја започна својата мисија на Медитеранските игри во Таранто, откако обезбеди место меѓу најдобрите осум во својата категорија.
Во осминафиналната пресметка, Георгиевски по голема борба го совлада претставникот на Тунис, Моатаз Ифауи. Македонецот мораше да одигра три рунди, а на крајот триумфираше со 2-1, по меч кој траеше 10 минути и 47 секунди.
Следната пречка за Георгиевски ќе биде турскиот таеквондист Берат Демирчоглу. Четвртфиналната борба е закажана за 16:12 часот, а македонскиот претставник со нова победа ќе обезбеди пласман во полуфиналето.
На денешната програма настапи и Филип Блажевски, но тој не успеа да го мине првото коло. Блажевски со 0-2 загуби од Босанецот Незат Хусиќ.