Дедомразовците трчаа низ Скопје (галерија)
Главниот град денес заличи на европска престолнина и се ишара во црвено-белата нијанса по улиците

Главниот град денес заличи на европска престолнина и се ишара во црвено-белата нијанса по улиците. На Плоштад Македонија во Скопје денеска се одржа 10-тата Coca-Cola Дедомразовска трка. Стотици учесници облечени како Дедо Мраз трчаа два километри низ градот. Глетката предизвика смеа и воодушевување кај граѓаните од сите генерации.








