Дебатата за разрешувањето на министрите од Алтернатива продолжува утре на пладне


Фото: Б. Грданоски

Во Собранието пратениците попладнево дебатираа по предлогот за разрешувањето на министрите од редовите на Алтернатива, кои не поднесоа оставки на функциите пред изборот на нови членови на Владата, кои генерално доаѓаат од новиот коалициски партнер Алијанса за Албанците. Седницата вечерва беше прекината и ќе продолжи утре на пладне.