Де Брујне има скршеница на носот по судирот со Рудигер во финалето на ЛШ
Играчот за врска на Манчестер сити, Кевин де Брујне, зборуваше за природата на неговата повреда во финалето од Лигата на шампионите против Челзи (0:1).
„Само што се вратив од болница. Мојата дијагноза е фрактура на коската на носот и фрактура на левата орбитала. Сега се чувствувам добро. Се разбира, разочаран сум од она што се случи вчера. Ќе се вратиме“, објави на Твитер белгискиот фудбалер.
Во 56. минута синоќа во финалето од ЛШ, 29-годишниот Де Брујне се судри со дефанзивецот на лондонците, Антонио Рудигер во средниот ред. Тој лежеше долго на тревникот, а потоа беше заменет поради повредата.