Данска и Шведска во финалето на Светското првенство во ракомет
Репрезентациите на Данска и Шведска ќе играат во финалето на Светското ракометно првенство што се игра во Египет.
Вечерва Данците во драматичен финиш ја победија репрезентацијата на Шпанија со 35 спрема 33, додека во првото полуфинале Швеѓаните беа подобри од Франција со 32:26 (16:13).
Двата натпревари ќе се играат в недела.